Македонија се спасуваше од пораз во дуелот со Ерменија

Скопје, 8 септември 2010 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да забележи победа и во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012. На синоќешниот натпревар со Ерменија македонските репрезентативци во последните моменти се спасуваа од пораз и преку пенал стигнаа до 2:2.

Ерменија дојде во водство во 39.минута преку Јура Мовсисијан, а само што тргна од центарот Македонија преку Марио Ѓуровски изедначи на 1:1 што беше и резултат по првиот дел во кој избраниците на Мирсад Јонуз имаа повеќе шанси, но на одморот не отидоа со предност.

Ерменците во второто полувреме беа поопасни, а до водечкиот гол на Едгар Маучарјан во 90.минута пропуштија неколку убави шанси за гол.

Илчо Наумоски во судиското надополнување од пенал ги постави конечните 2:2, откако еден гостински играч сосема непотребно играше со рака во својот шеснаесетник.

Околу 9 илјади гледачи на арената „Филип Втори“ незадоволни од играта и резултатот со свирежи ги испратија македонските репрезентативци во соблекувалната.

Македонија синоќа беше предводена од Влатко Костов, првиот асистент на селекторот Јонуз кој беше казнет поради исклучувањето во Словачка. Костов на прес-конференцијата по натпреварот причината за неочекуваниот резултат ја најде во исцрпеноста на играчите од натпреварот во Братислава.

- Тешко беше по само три дена од одигрувањето на натпреварот со Словачка да се вратиме во игра максимално подготвени. Се чувствуваше кај играчите замор и психолошки притисок. И покрај слабите резултати во двата дуела од квалификациите ние во Стручниот штаб веруваме во оваа селекција и сметаме дека добро ја вршиме работата, истакна Костов.

Тој ја презеде одговорноста за неуспешниот старт на овие квалификации и нагласи дека и на поголеми тренери од оние на македонската репрезентација може да им се случи таква работа.

Во другите два натпревари од 2.коло во групата „Б“, Русија - Словачка 0:1 и Република Ирска - Андора 3:1.

Табела: Република Ирска и Словачка по 6 бодови, Русија 3, Ерменија и Македонија по 1 и Андора без освоен бод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...