
Напаѓачот на Интер, Самуел Ето, тврди дека Лео Меси се противел на одлуката на тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола да го замени со Ибрахимовиќ. Камерунецот тврди дека пред него Барса со Роналдињо не освои ништо.
29-годишниот Самуел Ето, кој стигна во Интер летото 2009. година, како дел од трансферот во кој Ибра се пресели во Каталонија, вели дека и на Гвардиола му е јасно колку погреши.
''Играв со многу големи играчи, Роналдињо, Меси... Кога дојде Роналдињо, ништо не освоивме. А кога стигнав јас, освоивме се што можеше да се освои. Кога Гвардиола ме бркаше од клубот, Меси му рече дека може да избрка секого, но не и Самуел. Прашајте ги моите тренери дали сум голем професионалец. Секогаш бев пример за дисциплина, секогаш бев професионалец.'' - вели Ето, кој истите трофеи како и со Барселона ги освои и веднаш штом дојде во Интер.