Без Пандев до крајот на квалификациите!

Најдобриот македонски фудбалер поради повредата, поради обврските кон Интер но и револтиран поради статусот кој го има репрезентацијата во домашната јавност најавува повлекување од селекцијата



Македонија, по откажувањето на Горан Попов поради повреда, останува и без капитенот и наш најдобар фудбалер Горан Пандев за октомвриските квалификациски дуели против Андора и против Русија. Меѓутоа, според информациите од стручниот штаб на селекцијата, Пандев веќе ја информирал ФФМ и за свое повлекување од настапите за националниот тим до крајот на овој квалификациски циклус за ЕП 2012.

Пандев како резултат на најновата повреда поради која според лекарската комисија на Интер наредниот период ќе мора да паузира најмалку 20 дена, го откажа повикот за дуелите со Андора (8. октомври, Ла Вела) и со Русија (12. октомври, Скопје), меѓутоа поради обврските кон Интер но и поради сопствениот револт поради статусот кој го има репрезентацијата во домашната јавност а незадоволен од без малку загубените шанси за пласман на европското првенство во Полска и во Украина најавил неиграње за нашиот "А" тим и понатака низ квалификациите.

Инаку, изминатиов викенд лекарската комисија на италијанскиот шампион Интер констатираше посериозна повреда на нашиот репрезентативец поради која ќе мора да отсуствува од зелениот терен во наредните 20 дена. Пандев се повреди на стартот од Лигата на шампионите на гостувањето со неговиот Интер против Твенте. И покрај тоа што под специјален третман изминатиот период настапуваше во Калчо лигата, сепак, на крајот согласно специјалистичките извештаи неизбежно е мирување.

По последното откажување селекторот Мирсад Јонуз за дуелот со Андорците останува со претходно повиканите 21 репрезентативец. Според најавите, македонскиот селектор ќе повика ново име во селекцијата доколку е тоа потребно по дуелот со Андора, а во пресрет на натпреварот со Русија кој го играме на 12 октомври во Скопје. По двете откажувања на Пандев и Попов, сосема е јасно дека повеќе од тешка задача ја очекува селекцијата да ги исполни отворено најавените амбиции на Мирсад Јонуз за наш атак на шесте бода од претстојните две средби, со Андора и со Русија.

Според програмата на стручниот штаб, репрезентативците денеска директно се собираат во Барселона каде ќе одработат и еден тренинг пред утрешното предвидено заминување за Андора Ла Вела, главниот град на малата пиринејска земја кој се наоѓа на околу 200 километри од главниот град на Каталонија. Во Ла Вела, до одигрувањето на натпреварот на 8 октомври, со почеток од 19 часот, предвидена е одработка на вкупно три тренинзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...