Ако не победиме, да се "убиеме"

"Најважно е да постигнеме брз погодок. Тоа е селекција која се брани со сите можни фудбалери со кои располага, но ние сме подготвени за триумф", вели Шумуликоски

Капитенот на нашата репрезентација за претстојните натпревари против Андора и Русија во Групата Б од квалификациите за пласман на ЕП 2012, Величе Шумуликоски е цврсто убеден во македонска победа утре на гостувањето во Андора Ла Вела над убедливо најслабиот наш противник на патот кон Полска и кон Украина.

"Ако не победиме, сите комплет да се 'убиеме'", на шега коментира од Ла Вела, Шумуликоски во обидот да се наметне позитивната атмосфера меѓу националите во очекување на двата октомвриски дуели.

"Не знам што би кажал. Секако дека освен победа се останато за нас ќе биде неуспех. Јасно е дека трите бода од овој натпревар се неизбежни и за 'рушење' на малерите од претходните две средби, но и за дополнително позитивно загревање за следниот натпревар со Русија".

За Шумуликоски, кој беше убедливо најзабележителниот наш поединец на претходниот натпревар против Ерменија во Скопје, јасно е дека домаќините утре ќе се бранат со сите сили па со агресивна, брза и мудра игра ќе мора да се "руши" нивниот бункер.

"Мора брзо да им дадеме гол затоа што се бранат со сите фудбалери со кои располагаат, па и со членовите на стручниот штаб. Јасно е дека тие исклучиво ќе се концентрираат на одбраната, играат агресивно користејќи го секој можен начин да го спречат противникот, деструктивен фудбал, но ние сме подготвени за триумф. Нема разговор дека мора да го искористиме квалитетот за да дојдеме до трите бода", истакнува Шумуликоски, според кого и претходните два примери, со поразот од 2004 година но и победата од пред две години против Андорците ни носат извесни поуки за претстојната нова пресметка.

"Имаме и лош и добар пример од досегашните натпревари со Андора. Значи, во никој случај не смеат да се потценат, но во исто време треба и јасно да им се даде до знаење каде се тие а каде сме ние на фудбалската карта. Мора секако да се даде максимумот на теренот затоа што без труд денеска, во модерниот фудбал, не може да се совлада ниту еден противник", вели членот на рускиот Сибир.

Сосема еднакво, на ден пред средбата, во однос на фактот да за нас освен победа не постои ниту еден друг избор, е размислувањето и на селекторот Мирсад Јонуз, кој потенцира дека, не оставајќи ништо на случајот, направени се сите можни анализи и околу нашата но и околу играта на утрешниот противник.

"Најважно е што последните денови немаме дополнително проблеми околу повреди. Се надеваме дека така ќе биде до самиот почеток на дуелот", вели Јонуз притоа дополнувајќи:

"Играчите се свесни за предизвикот и значењето на натпреварот. Направивме анализа на сите досегашни 14 натпревари, на позициите од кои постигнуваме голови, на позициите од кои примивме погодоци, на пропуштените шанси, сопствените слабости во извршувањето на тактичките задачи, итн. Направивме анализа и на противникот гледајќи го нивниот натпревар со Русија. Свесни сме дека се работи за цврст, незгоден противник кој главен акцент става на опструкцијата на играта и движењето на противникот. Но, подготвени сме да одиграме максимално концентрирано и да ја оствариме потцртаната победа", истакнува селекторот на нашата најдобра репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...