"НЕРО-АЅУРИТЕ" ГО ОСЛОБОДУВААТ БРАЗИЛЕЦОТ

Интер го дава Мајкон за Бензема?

Раководството на Интер размислува да го испрати десниот бек Даглас Мајкон во Реал Мадрид, а за возврат да го добие францускиот напаѓач Карим Бензема, тврди Кориере дело Спорт. Формата на Мајкон оди во надолна линија оваа сезона, а ако се придодаде и тоа дека Бразилецот не е задоволен од договорот иако Интер прифати да му ги зголеми годишните примања на 700 илјади евра. Освен тоа 13-тката на Интер неодамна го отпушти својот агент Антонио Калиендо и се шпекулира дека ќе го најми познатиот Мино Раиола, а сето тоа говори дека со Бразилецот нешто се случува сезонава. Низ италијанските медиуми се зборува дека Мајкон не е задоволен што останал во Италија со оглед на тоа дека во летниот преоден рок инсистираше да се пресели во Реал Мадрид изјавувајќи дека трансферот е "готова работа", меѓутоа претседателот на Интер Масимо Морати не дозволи такво нешто. Сезонава видлива е неговата фрустрација на теренот, а по се изгледа тоа го прави за да го притисне Морати да превземе нешто. Ла Газета дознава дека претседателот на Интер размислува да го испрати Мајкон во Мадрид, а од Реал ќе го побара Карим Бензема и соодветна сума на пари. Се претпоставува дека разговорите би започнале во јануари, а трансферот да се реализира истиот месец или евентуално на лето. Факт е дека Бензема не е задоволен од неговата минутажа во Реал, а тренерот Жозе Мурињо добро го познава Мајкон и сигурно со раширени раце ќе ја прифати понудата на Интер и ќе го придобие својот пулен за кој има само пофални зборови.

Како потсетување изминатово лето Реал на инсистирање токму на Мурињо понуди 35 милиони евра за услугите на Мајкон, меѓутоа Интер не помислуваше да го ослабне тимот и го блокираше трансферот. По се изгледа згреши што не ја прифати одличната сума, бидејќи за тие пари можеше да донесе барем двајца помлади бекови кои ќе напредуваа во Интер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...