Торес го моли Ливерпул за трансфер во Челзи

Само неколку часови откако Ливерпул одби фантастични 35 милиони фунти од Челзи за трансфер на Фернандо Торес, Шпанецот ја изненади англиската фудбалска јавност откако ја замолил управата да ја разгледа понудата пред да донесе конечна одлука. Веста ја публикува Скај спортс потпирајќи се на информациите популарниот шпански новинар Гијем Балаге за кој се смета дека е близок со фудбалерот. Телевизиската куќа наведува дека Челзи ќе достави уште една подобра понуда пред крајот на трансферниот прозорец со која ќе се обиде да ги убеди раководните луѓе да дозволат трансфер.

Во целата приказна се вмешал и Торес кој инсистирал Ливерпул да не ја одбива експресно понудата туку детално да ги разгледа опциите и да процени дали вреди да се прифати или не. Според Балаге во договорот на Торес нема клаузула од 50 милиони фунти како што се шпекулира, па тој би можел да си замине и за помала сума.

Торес е незадоволен кон која насока оди клубот, сезонава игра очајно со мали шанси да избори место во Лигата на шампионите. Па оправдано е обидот на Торес да ги смени клупските бои.

Суарез сака на Енфилд

За разлика од Торес кој сака да си замине, напаѓачот на Ајакс Луис Суарез сака да го смени дресот на холандскиот гигант со црвениот на Енфилд. Наводно уругвајскиот напаѓач се обидел на сите начини да го убеди тренерот Франк Де Бур да дозволи трансфер на Енфилд. Ајакс децидно ги одби "Црвените" истакнувајќи дека нивната понуда за Суарез е премногу мака и дека му е потребен на тимот до крајот на сезоната. Сепак, играчот не се предава и продолжува со своите планови да издејствува заминување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
79.- Во катастрофалната ерупција на Везуф,...
1899.- Група загребски научници на чело со...
1899.- Во Буенос Аирес е роден Хорхе Луис...
1912.- Алјаска е официјално прогласена за...