Меси го замолкна "Бернабе"

Барселона оствари предност од 2:0 против Реал Мадрид откако на Сантјаго Бернабе Меси имаше своја вечер. Го надмина својот малер во кој немаше гол во полуфиналето и со два надомести за досегашните пропусти.

Почетокот на средбата главно одеше по средината на теренот. Се играше внимателно, а првиот удар во рамките на голот беше од Чави, но тоа беше многу лесна задача за Касиљас. Истото го повтори и Роналдо веќе во следниот напад, а тоа се случи во 4. минута.

Првата посериозна шанса за гол дојде во 10. минута. Давид Виља остана осамен по десната страна. Откако им избега на чуварите биеше без проблем, но топката заврши крај голот.

Барса играше повлечено. Одбранбените играчи си додаваа на својата половина бидејќи немаше

Во 25 минута Меси конечно успеа да ги "измести" своите чувари. Опколен од неколку играчи успеа да најде простор за да го проигра Чави на десетина метри од голот кој откако ја прими топката свртен со грб кон голот на противникот успеа да се заврти и да бие, но Касиљас беше на своето место. Ова беше најсериозната шанса до тој момент на средбата.

Последните минути од првиот дел донесоа големи возбудувања бидејќи и Реал конечно се закани. После еден слободен удар топката дојде до Роналдо. Не размислуваше многу и биеше од далечина, но Валдес одбрани. Одбиената топка дојде до Озил. Иако неговиот удар Валдес успеа одново да го одбрани, но ситуацијата беше офсајд.

После 0:0 на полувремето во вториот дел Реал излезе со многу понапаѓачки. Адебајор донесе свежина, па и следеа и акции кон голот на Валдес.

Сепак, повеќе се забележуваше нервоза кај двете екипи отколку што имаше фудбал, па можеше да се забележат неколку остри стартови на двете страни.

Се што се одигра до 76 минута замина во заборав кога по една одлична акција по десната страна Афелај успеа да се пробие и да ја упати топката кон петерецот. Меси налета и успеа да ја упати кон голот на Касиљас кој беше немоќен бидејќи топката мина меѓу неговите нозе. Барселона поведе со 1:0.

Место да нападне Реал продолжи со мирна игра, а 11 минути по водството на Барса, Бускетс остави една топка за Меси. Овој ја зема на триесетина метри и појде кон голот на Касиљас. Направи слалом низ одбраната на "кралевите" и кога дојде до голот само полека ја упати крај голманот на Реал за водство од 2:0 и голема победа на Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...