Кралско приземјување

Кога на 20 април го однесоа пехарот за Купот на Кралот фудбалерите на Реал Мадрид се вивнаа во височините и помислија дека ја најдоа противиграта со која ќе го исфрлат каталонскиот клуб од полуфиналето во Лигата на шампионите. Седум дена подоцна по краткиот лет во височините атерираа на својот терен. Храмот на фудбалот во Мадрид, Сантјаго Бернабе беше освоен од Лионел Меси.

После натпреварот е лесно да се бараат грешките и да се даваат коментари за тоа кој бил виновен. Важното е, сепак, она што се случуваше на теренот. Таму Барселона победи со 2:0 со головите кои ги постигна Лионел Меси. Каталонците си заминаа со голема предност за реваншот.

Црвениот картон на Пепе, жолтиот на Рамос кој ќе го спречи да игра на реваншот, жолтите на Адебајор, Алвес... Сето ова е минато. Се случи на средбата и факт е дека добија санкција. Заслужено или не, престрого или преблаго веќе е незначително. Сите коментари после една ваква средба во која сите очекуваа да гледаат фудбал, а гледаа се само не она што го сакаа до 75 минута јасно покажува дека Ел Класико падна на испитот.

Фудбалерите на двете екипи беа одлични актери. Паѓаа, се фрлаа колку можеа подалеку, викаа, се навредуваа, се туркаа, удираа, вршеа притисок... На моменти беа подобри и од вистинските актери на кои тоа им е и работа. На моменти делуваа како да се на некоја маалска средба. Беа далеку од нивото.

Барселона беше без лев бек, а Пујол успешно се справуваше на тоа место. Не се одеше по секоја цена кон голот на Реал и се контролираше играта. "Кралевите" во поголемиот дел од средбата беа дел од публиката на Сантјаго. Седеа на својата половина и гледаа како протовникот си додава. Како да немаа желба да нападнат, но на моменти делуваа збунето.

Ја уништи ли играта судијата Штарк со црвениот картон на Пепе?

Ако покажеше жолт во ситуацијата сите ќе го нападнеа зошто не покажал црвен. Намерата на Пепе беше очигледна. Играјќи на ивица од тежок прекршок тој секогаш оди кон ногата на противникот. Затоа, црвениот картон е санкција и за намерата и за направениот прекршок и тука нема ништо спорно. Она што е спорно се жолтите картони кои ги делеше на другите играчи кои лесно можеше да бидат во соблекувалната заедно со Пепе, но тоа веќе не е ни важно.

Во финалето од Купот, Гвардиола на моменти не знаеше што да направи со своите играчи (во првото полувреме). Немаше решение. Сега Мурињо остана избезумен кога виде дека играта на Барса не е иста. Бековите не трчаа по секоја цена напред. Виља и Педро играа пошироко од обично и тие ја имаа улогата на Алвес и Адриано. Добија простор по страна и нафрлаа, но немаше гол.

Мурињо има право да се лути, но на своите играчи. Четворица, па дури и петмина го чуваа Меси. Откако претходно Афелај ги претрчуваше како од шега по десната страна, а Меси даде гол за 1:0 низ нозете на Касиљас, вториот беше ремек дело на "малиот" Аргентинец.

Ја зема топката на триесетина метри, а потоа ги "седна" Рамос, Марсело, Албиол... на крајот си поигра и со Касиљас. Да беше во игра Пепе или суспендираниот Карваљо веројатно ќе го "собереше" и однесеше дури до трибините, но за жал тој беше во соблекувалната.

Низ многуте коментари кои се појавија вчера, неколку часа после натпреварот имаше и едно интересно размислување околу помошта на судиите на Барселона. Во коментарот се велеше.

"Мурињо се жалеше на помошта која Барселона ја добива од судиите при секоја нивна средба. А зошто би му помагале на тим кој игра дефанзивно и не се труди да нападне кон противничкиот гол. Зарем фудбалот се игра на својата половина. Очигледно Мурињо има заборавено дека тој се игра за публиката, а таа на стадионите не оди за да гледа како некој тим се брани туку да гледа голови и убава игра. Дефинитивно тоа го имаше само кај еден тим во средата, а тоа беше Барселона".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...