
Ѕвездата на екипата на Велез Сарсфилд, Рикардо Алварез е пред потпишување договор со тимот на Интер, а италијанските медиуми најавуваат дека тоа ќе се случи во текот на оваа недела. Интер му понудил 12 милиони евра на Велез, а се вели дека овој тим ја прифатил оваа понуда, па се очекува деновиве да се случи целата разврска.
Рикардо Алварез би требало да добие годишна плата од 1,2 милиони евра, а тој не можел да одбие ваква понуда.
Тој беше желба на Арсенал, а Венгер во него гледаше наследник на Фабрегас. Сепак, Интер успеа да го убеди играчот и да добие фудбалер кој има и италијански пасош, па ќе може да настапува како домашен играч.
Покрај Алварез веќе е договорено и со левиот бек Нагатомо. Јапонскиот интернационалец веќе е во целосна сопственост на Интер и во следната сезона ќе игра со договор со "нероазурите".