Иако Барселона не беше убедлива со играта како досега, сепак, против Гранада успеа да стигне до три бода и да дојде до триумф со резултат од само 1:0.
Сепак, резултатот заминува во заборав, а ќе се памети она што успеа да го постигне Чави на овој меч.

Тој излезе на терен со капитенската лента и го предводеше тимот во победа со 1:0. Ова беше вкупно 392. меч за Чави во Примера со што стана нов рекордер на Барселона според бројот на настапите во Ла Лига. Тој ова го прослави и со погодок кој на крајот беше доволен за трите бода на Каталонците.
Инаку, погодокот беше вистински еврогол постигнат од слободен удар. Чави го натфрли "живиот ѕид" и успеа да го погоди делот од голот каде што не беше голманот. Тој се обиде да интервенира, но беше краток. Ова беше прв ваков погодок за Чави по речиси две години. Последен пат погоди од слободен удар во сезоната 2009/2010 на мечот со Виљареал. Сезонава ова му е четврти гол.