
Според информациите Венгер сака да го купи црногорскиот играч Јоветиќ, кој моментално игра во Фиорентина. Англиските медиуми шпекулираат дека Арсенал понудил сума од 25 милиони евра за поранешниот играч на Партизан.
Сепак,она што е интересно е дека за Јоветиќ се заинтересирани и тимовите на Сити и Челси , кои најверојатно ќе понудат уште поголема сума од онаа која се шпекулира дека е во игра.
Договорот на Јоветиќ со фудбалскиот клуб Фиорентина завршува во 2016 година.