Меси ги надмина Марадона, Роналдо, Чарлтон и Бест

Шпанскиот дневник "Марка" пишува дека 24-годишниот Аргентински фудбалер веќе ги надмина некој од најголемите великани на светскиот фудбал кој ги одбележаа своите епохи, како што се Марадона, Роналдо, Боби Чарлтон и Џорџ Бест.

Меси моментално се наоѓа на бројката од 202 погодоци во дресот на каталонската гордост, од кој 132 гола постигна во Примера, 42 во ЛШ, 17 во кралскиот Куп, осум во шпанскиот Супер Куп, еден во европскиот Супер Куп, и два на Светското клупско првенство.

За споредба, Диего Марадона како 24-годишен измеѓу сезоните 1977/78 и 1984/85 во дресот на Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона и Наполи постигна 196 гола вкупно.

Најдобриот трократен освојувач на ФИФА наградата, Бразилецот Роналдо како 24 годишен играч имаше постигнато 153 гола во првите осум сезони во дресот на Крузеиро, ПСВ, Барселона и Интер.

Во Англија двата најдобри голгетери во историјата на англискиот фудбал и поранешни играчи на Манчестер Јунајтед, Боби Чарлтон за осум сезони постигна 133 погодоци, додека Џорџ Бест за 11 години во дресот на Јунајтед постигна 179.

Сега на Меси до крајот на сезоната му преостанува да дојде до достигнувањето на холанѓанецот, Јохан Кројф кој со само 24 години и осум сезони зад себе имаше постигнато 229 погодоци во дресот на Ајакс, но сепак рекордите кој ги имаат постигнато сјајните Ди Стефано и Пеле задега ќе останат недостижни.

"Марка" пренесува дека Меси е единствениот играч кој може да се пофали го 17 освоени титули во овој период. Има вкупно пет титули во Примера, три Лига на Шампиони, еден Кралски куп, два европски Суперкупа, пет шпански Суперкупа и еден наслов Светско клупско првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се игра српски рулет?
- Се ставаат два прста во штекер (и има струја или нема)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1854.- Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф,...
1960.- Прогласена е независноста на Сенегал...
1961.- На границата на источен и западен Берлин...
1968.- Советскиот Сојуз и другите земји на...