Зошто Јувентус е на врвот?

Јувентус по Калчополи скандалот во 2006 година, се врати на голема врата и повторно е на врвот од Серија А. Нема загубено натпревар во досегашната сезона, а се бори за влез во финалето од Италијанскиот куп. На што се должи овој успех?

1. Андреа Ањели

Последниот машки наследник од кланот Ањели, и сегашен претседател на клубот, со своите 36 години нема премногу искуство, но кога го наследи братучедот Џон Елкан во црно-белата фотелја направи една одлична бизнис одлука која беше пресудна за успехот. Го донесе Антонио Конте за тренер. Образуван на Оксфорд, за Ањели се типува дека ќе го замени Лука ди Монтеземоло како директор на Ферари, откако тој ќе се пензионира или откако ќе влезе во политика, но тоа не е целосно потврдено.

2. Антонио Конте

Антонио Конте не беше пречекан со преголем ентузијазам од страна на фановите по катастрофалната сезона на тимот под водство на Џиџи Дел Нери но,  Конте потврди дека и покрај првичниот скептицизам,  е многу поразличен од претходникот. Конте многу добро го познава клубот. Помина 13 години во „Старата дама“ а беше и капитен. Ужива голема доверба и почит кај навивачите и од играчите, а има и одлично око при купување на играчи.

3. Андреа Пирло

Можеби највредната инвестиција на Конте по назначувањето за тренер на Јувентус. Многумина го отфрлија како пропадната инвестиција поради неговата зрела возраст, но тој со годините донесе искуство, нов дух во тимот па во тековната сезона Пирло (со отсуството на дел Пиеро на теренот) се покажа како вистинска „татковска фигура“ од која помладите играчи можат многу да научат.

4. Нов стадион

Инаугуриран на 8 септември 2011 година, Јувентус стадионот е новиот храм за фановите на „Старата дама“. Изграден врз стариот Деле Алпи, стадионот го чинеше клубот 120 милиони евра. Со намален капацитет од 41 000 седиште тој е исто така првиот стадион во Италија кој е целосно во сопственост на еден клуб. Иако правата за именување на стадионот сè  уште не се продадени на спонзорите, тој е старо/новата гордост на тимот.

5. Без настап во Европа

По ужасното седмо место на табелата во Серија А изминатата сезона, Јувентус оваа сезона ќе ја помине играјќи само во домашното првенство. Растоварен од дополнителни натпреварувања (Лига на шампиони, Европа лига...) Јувентус според процените од експертите (не и од Конте) има одморени фудбалери и помал број на натпревари. Покрај трката во серија А, оваа сезона Јувентус ќе ја брка и титулата во Купот на Италија која последен пат ја освои во 1995 година .

6. Колективна поддршка

Според пишувањето на италијанските медиуми, Конте бара од играчите да се заблагодаруваат на секого во соблекувалната по добро завршената работа. Од асистентите на Конте, до фитнес тренерите па до чистачките. Тој бара да биде искажана благодарност кон сите кои придонесуваат во тимот. Не сака да се однесуваат арогантно и неблагодарно затоа што верува во тимска игра на теренот, но и надвор од него.

7. Јувентус е сè уште број 1 тим според бројот на фанови

Јувентус и по 6 години од Калчополи скандалот е најподржуваниот клуб во Италија со над 12 милиони фанови, со повеќе од 180 милиони во светот ( од кои 43 милиони само во Европа).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...