Бабунски имаат „Ел Класико“ дома

„Бабунски имаат Ел Класико дома“ е насловот на статијата која ја објави шпанскиот весник „Marca“ за двајцата браќа Давид и Доријан Бабунски, синови на селекторот на македонската репрезентација за играчи под 17 години Бобан Баунски.

Неодамна Давид беше фотографиран како тренира со првиот тим на Барселона, а статијата се осврнува на потенцијалите на двајцата браќа кои се дел од двата најголеми тима во Шпанија. Давид е дел од подмладокот на Барселона, а Доријан Бабунски на Реал Мадрид.

– Ривалството помеѓу двајцата се претвори во голема љубов. Ги дискутираат натпреварите, си држат среќа еден на друг. Доријан постојано вели дека Давид е негов пример како да се биде истраен во спортот, објаснува нивниот татко. Според зборовите на Бобан, двајцата имаат ист агент, Естеве Калзада кој одлично си ја врши работата во преговорите за младите таленти.

Весникот го опишува браќата како добри играчи.

-Давид има добра техника, добра визија и добар финален шут. Доријан е посилен и има добар шут. Двајцата се едни од најдобрите млади фудбалери во светот, но се многу различни, пишува Marca во статијата за браќата Бабунски.

Допрва фудбалските федерации на Македонија и Шпанија ќе ја почнат битката за сениорски настапи во една од двете репрезентации.

Да се надеваме дека ќе заиграат за Македонската сениорска репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1529.- Османлиската војска под команда на...
1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет...
1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски...
1927.- Во Дојран е роден Христо...