Во големото дерби на 7-то коло од шпанската Премиера, Барселона и Реал Мадрид одиграа 2-2 на Камп Ноу...Најреален резултат 2-2: двата најдобри клубови во Шпанија, а можеби и на светот, двајцата најдобри играчи на денешницата по два гола, двајцата по две чисти шанси, две сомнителни ситуации за пенал... Се изедначено и на крај сите среќни и задоволни.
Стрелци беа Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Реал поведе со голот на Роналдо во 23-та минута, Меси изедначи во 31-та. Барселона дојде во водство по погодокот на Меси од слободен удар во 61-та, додека пет минути покасно Роналдо ги постави конечните 2-2. Натпреварот го следеше легендарниот Мечик Џонсон, кој по реакциите, очигледно уживал во големата претстава на Меси и Роналдо.
Погледнете ги головите:
Barcelona 0-1 Real Madrid by goalsarena2012-3
Barcelona vs Real Madrid 1-1 7.10.12 by ourmatch
Barcelona vs Real Madrid 2-1 7.10.12 by ourmatch
Barcelona vs Real Madrid 2-2 7.10.12 by ourmatch