Кралскиот Куп на Шпанија - Ексклузивно на MaxTV!

Од овој октомври, MaxTV на фудбалските фановите им носи нови возбудувања со нови ексклузивни фудбалски содржини!

Отсега, фудбалските фанови, освен во секогаш актуелните натпревари од UEFA Лигата на Шампиони и UEFA Лига Европа, ќе може да уживаат ексклузивно и во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување. Од денес, 30-ти октомври, на Арена каналите достапни само на MaxTV, фановите на шпанскиот фудбал ќе имаат уникатна можност ексклузивно да ги проследат натпреварите од 109-то издание на Копа дел Реј (Кралскиот куп во Шпанија) за сезоната 2012-2013.

MaxTV ви нуди единствена можност да навивате за вашите омилени херои како брилијантниот Лионел Меси од Барселона, незапирливиот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, младиот и талентиран Иско од Малага и гол- машината Радамел Фалкао со својот Атлетико Мадрид како го пробиваат патот до финалето кое ќе се одржи на 18-ти мај 2013-та година.

Само со MaxTV следете ги во живо успесите и возбудувањата на вашите омилени тимови во Кралскиот куп на Шпанија.

За оваа недела MaxTV обезбеди дури 6 директни преноси во 3 натпреварувачки дена:

Вторник 30.10. 2012

  • 22:00 - Депортиво Алавес - Барселона (Арена Спорт 1)

Среда 31.10.2012

  • 20:00 - Реал Хаен - Атлетико Мадрид (Арена Спорт 2)
  • 22:00 - Алкојано - Реал Мадрид (Арена Спорт 2)

Четврток 01.11.2012

  • 17:00 - Ваљадолид - Бетис (Арена Спорт 1)
  • 19:00 - Севиља - Еспањол (Арена Спорт 1)
  • 21:00 - Депортиво ла Коруња - Мајорка (Арена Спорт 1)


 

Првиот Копа дел Реј куп во Шпанија се одиграл во далечната 1903-та година, што го прави најстарото натпреварување во оваа фудбалска држава. Целосното има на Копа дел Реј гласи „Campeonato de España – Copa de Su Majestad el Rey de Fútbol“ или „Шампионат на Шпанија- Куп на Неговото височество, кралот“ и постои од 1903-та година. Во далечната 1903-та година, управата на Реал Мадрид предложила да се основа фудбалски турнир во чест на крунисувањето на кралот на Шпанија Алфонсо Осми, и првиот турнир во таа година го сочинувале 5 тима. Низ годините, овој куп често го менувал името, а во периодот за време на диктатурата на Франциско Франко се викал „Copa de Su Excelencia El Generalísimo или само „Copa del Generalísimo“- Купот на генералот“.

Тимот на Барселона го носи приматот на најтрофеен клуб со 26 титули во Копа дел Реј, а Атлетик Билбао е веднаш зад „Барса“ со 23 титули во досегашната историја. Бранител на трофејот од минатата година е исто така тимот на Барселона, кој во финалето на Висенте Калдерон стадионот со резултат 3-0 го порази Атлетик Билбао.

Дали сте знаеле?

Трофејот кој секоја година традиционално го врачува лично кралот на Шпанија е тежок 15 килограми и висок 75 сантиметри. Копа дел Реј трофејот кој во 2011 година го освои Реал Мадрид заврши под тркалата на дабл декер автобусот за време на парадата низ Мадрид, откако на фудбалерот Серхио Рамос му падна од рацете. Подоцна тимот доби реплика, која е изложена во музејот на Реал Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Жена ми има многу лоша навика во последно време. Се буди секоја вечер во 2 сабајле.
- И што прави после?
- Ме чека да си дојдам дома.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1939.- Британскиот доминион Канада и објави...
1944.- Во ослободениот Париз, генерал Шарл де...
1979.- Во Москва умре Антониот Агустино Нето,...
1991.- Регистирано е политичкото здружение...