Официјално-Фергусон во пензија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ќе се пензионира по крајот на тековната сезона во Премиер лигата, беше официјално потврдено денес на официјалната страница на клубот.

Тој ќе го предводи Јунајтед до последниот натпревар од сезоната на 19-ти мај против ВБА, а по пензионирањето ќе биде директор на Манчестер Јунајтед.

-Одлуката која ја донесов не беше воопшто лесна. Дојде вистинското време за тоа. За мене беше важно да го оставам тимот во најсилната можна форма и мислам дека успеав во тоа.“ стоеше во изјавата на Фергусон.

Шкотот во 27-те сезони поминати во Манчестер Јунајтед освои вкупно 38 трофеи со „Црвените ѓаволи“. Дури 13 титули во Премиер лигата,  и две од Лигата на шампиони.

Минатата недела Фергусон објави дека дека во јули ќе се подлегне на операција на колкот, и поради тоа требаше да го пропушти стартот на наредната сезона од Премиер лигата.

Како потенцијални заменици на Фергусон на столчето во Манчестер Јунајтед се споменуваат Жозе Мурињо и Дејвид Мојс.

Фергусон оваа сезона го предводеше Манчестер Јунајтед до јубилејната 20-та титула во Премиер лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...