Реал без победа против Атлетико во последните шест меча

Минатогодишните финалисти и големи мадридски ривали Реал и Атлетико сезонава ќе играат во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.

Драматичното ланско финале, кое Реал го доби по продолженијата со 4:1, е веќе заборавено, а фудбалерите на двете екипи се насочени кон двомечот што претстои.

Но, по тој триумф Реал во шесте последователни натпревари против Атлетико нема ниту една победа, а Атлетико забележа дури четири триумфи.



Пред својата публика на стадионот „Винсенте Калдерон’’ Атлетико ги доби сите четири меча. Во Супер купот на Шпанија, кој го освои, во осминафиналето од „Копа дел Реј’’, како и во првенствениот дуело во Примера, додека на средбите одиграни на „Винсенте Калдерот’’ двата натпревари завршија нерешено.

Реал кој веќе пета сезона во низа е меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, има четири победи во низ во елитното натпреварување кои пак за Атлетико ќе биде единственото во кое може да се надева на трофеј.

По повредата на скочниот зглоб, во тимот на Реал се враќа Велшанецот, Герет Бејл, како и Тони Крос и Хамес Родригез кои поради суспензија го пропуштија последниот меч во Примера против Еибар.



Атлетико пак ќе биде посилен за одличниот дефанзивец Диего Годин и играчот од средниот ред Тиаго, додека сеуште неизвесен е настапот на хрватскиот голгетер Манџукиќ кој имаше повреда на зглобот, а кој сезонава постигна два гола против Реал.

Дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути, како и средбата Јувентус – Монако, додека пак во среда на програмата се преостанатите две средби, ПСЖ – Барселона и Порто – Баерн Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...