Битка за власт во Мадрид

Екипите на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид денеска ќе ја имаат петтата битка во елиминации во последните пет години. Според резултатите, имаат по два пласмани понатаму така што денеска и следната среда ќе решат кој ќе се пофали со третиот вкупен триумф и пласман понатаму.

Ова им е првпат да играат во елиминации во Лигата на шампионите откако еднаш играа и во КЕШ, но многу одамна. Оттаму ова ќе биде дуел со една посебна димензија, а уште и поопасен бидејќи се работи за пресметка меѓу градски ривали кои во последните неколку години редовно прикажувале интересни игри.



ДЕСЕТ ГОДИНИ ИМА ГОЛОВИ

Последен пат тимовите од Мадрид на меѓусебните пресметки не постигнале ниту еден гол во 2005 година на 21 мај. По ова биле одиграни 30 натпревари на кои редовно имало барем по еден погодок. На шесте средби одиграни од стартот на сезонава се постигнати вкупно 16 гола така што ова ќе бидат нови два меча на кои може да се поправи просекот од 2,66 гола по натпревар. Најефикасни беа последните две средби. Реваншот од Купот на Шпанија заврши со 2:2, а дуелот од првенството Атлетико Мадрид го реши со 4:0.

ЛАНСКОТО ФИНАЛЕ ВО МИСЛИТЕ

Иако сите играчи на двата тима се трудат да го остават зад себе дуелот одигран минатата година во финалето од ЛШ во Лисабон, сепак, е очигледно дека тој меч им е длабоко во мислите. Сите размислуваат на таа средба, па едните се трудат да се реваншираат, а другите да дојдат до уште една можност да играат во полуфиналето од Лигата на шампионите.



Лани Реал Мадрид стигна до 10. трофеј во КЕШ и ЛШ, а тоа се случи по продолженијата откако претходно Рамос донесе дополнителни 30 минути.

„На првиот дуел со Реал Мадрид нашата цел е да дојдеме до победа. Мораме да го искористиме играњето пред нашата публика. Нашиот противник има најмногу титули во ЛШ тука не треба да зборувам нешто посебно за да кажам колку е голем овој двобој. Патникот во следната рунда ќе се реши на реваншот, но ние ќе сториме сè за да одиме со предност на ’Бернабе’ следната недела“, коментираше Миранда, кој беше дел од тој натпревар.

ВНИМАТЕЛНО НА ДВЕТЕ СРЕДБИ

Капитенот на Атлетико, Габи, е еден од оние кои се незадоволни што мораат да одиграат уште два дуела сезонава против Реал. Тој е сигурен дека ова ќе бидат далеку потешки натпревари и дека победникот ќе биде неизвесен 180 минути.

„Уште кога беше направена ждрепката кажав дека ова беше најлошата варијанта за нас. Не сакав да играме две средби во Мадрид од Лигата на шампионите бидејќи овој двобој секогаш носи посебна димензија. По поразот лани во Лисабон нашите мисли се насочени кон тоа како да се реваншираме, но мораме да бидеме внимателни. И ние и нашите фанови посакуваме успех и место во полуфиналето, но свесни сме дека ќе биде премногу тешко за да успееме“, изјави капитенот на Атлетико Мадрид, Габи.



МОТИВОТ НА ВИСОКО НИВО

Тренерот на Реал Мадрид, пак, очекува ова да биде натпревар на кој неговите момци ќе покажат дека ја надминале кризата и дека во финишот од сезоната ќе можат да се изборат за титули.

„Неколкуте средби во серија на кои забележувавме лоши резултати против Атлетико се дополнителна мотивација за сите нас. Сигурен сум дека денеска ќе биде сосема поразлично од сите средби кои ги одигравме сезонава со нашиот ривал. Исполнети сме со самодоверба и ќе се обидеме да се претставиме во најдобро можно издание. Нема сомнеж дека ова ќе биде многу интересен натпревар кој ќе биде исполнет со многу акции, силно темпо и висок интензитет. Ова ќе биде дуел на кои мораме да се претставиме во најдобро можно издание“, рече Анчелоти.

МОДРИЌ Е КЛУЧОТ НА РЕАЛ

На ова се надоврза и Лука Модриќ со чие враќање на терените се крена и ритамот на играта и се вратија победите. Со него средниот ред на Реал е далеку поцврст и поорганизиран така што Реал Мадрид денеска очекува добар резултат.



„Средбата во Лисабон и понатаму е во нашите мисли. На тој дуел направивме голема работа, но сега нè очекуваат две многу тешки средби против Атлетико Мадрид. Се надевам дека ќе успееме да продолжиме понатаму во Лигата на шампионите. Ќе сториме сè што е во наша моќ за да го оствариме планот и задачите кои ќе ни ги постави нашиот тренер. Мотивирани сме и подготвени за она што нè очекува“, вели Модриќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...