Дончиќ на ниво при своето враќање, Далас со победа бр. 20

Лука Дончиќ повторно се врати во игра, откако ги пропушти последните четири натпревари за Далас, поради повреда на десниот глужд. Словенечката sвезда му помогна на тимот да го добие дербито на Тексас против Сан Антонио со 102-98 и со тоа да стигне до својата 20-та победа досега во сезоната.

Дваесет-годишниот Европеец повторно беше близу до „трипл-дабл“ против Спарс. Дончиќ постигна 33 поени, 10 скокови и 8 асистенции за 33 минута игра, но тој немаше свој ден при шутот од тројка, завршувајќи со 1/6 од далечина.

Другите четворица од почетните пет на Маверикс исто така завршија со двоцифрен број на поени. Тим Хардавеј Џуниор постигна 17 поени, Кристап Порзингис и Доријан Фени-Смит постигнаа 13, додека Двајт Пауел заврши со 11 поени и 7 скокови. Делон Рајт успешно се вклучи од клупата со 12 поени, 5 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Демар Дерозан со 21 поен, Руди Геј со 18 и ЛаМаркус Олдриџ со 17 беа топ реализатори за гостите.

Останати резултати во НБА:

Детроит – Вашингтон 132-102

Бруклин – Њујорк 82-94

Оклахома сити – Мемфис 97-110

Сакраменто – Минесота 104-105 (прод)

Јута – Портланд 121-115



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...