Лејкерси на победа од финалето на Западот во НБА

Л.А. Лејкерс се на победа од финалето на Западната конференција во НБА откако повторно го совладаа Хјустон, овој пат со 110:100 и сега поведоа со 3-1 во серијата.



Како и „ракетите“, тренерот на Лејкерс, Френк Вогел, исто така, се обложи на помала петорка, во која Ентони Дејвис беше највисок и тимот од Тексас немаше шанси.

Дејвис заврши со 29 поени и 15 скока, а „езерџиите“ доминираа во борбата под двата коша со 52-26, како и во поените од рекетот со 62-24. Леброн Џејмс додаде 16 поени и 15 асистенции, а Ражон Рондо заврши со 11 поени, 10 скока и 8 асистенции од клупата.

Лејкерси се одлепија со 16 поени на пауза, а во последната четвртина поведоа со 23 поени, пред нивниот противник да се разбуди и да се приближи до 103:96 по серија од 18:2. Сепак, Ентони Дејвис постигна важен кош, а при 105:100, Алекс Карузо постигна тројка од крило и реши сè на 34 секунди пред сирената.

– Јасно е дека треба да ги подобриме и затвориме нашите натпревари без такви проблеми кога водиме многу, рече Џејмс. Големиот судир со градскиот ривал Клиперс, сепак, сега е многу близу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...