Македонската кошаркарска репрезентација 53-та на ФИБА ранг-листата

Македонската кошаркарска репрезентација се најде на 53. место во светскиот репрезентативен поредок.



По завршувањето на Европскиот шампионат кој од 1. до 18. септември се одржа во четири различни земји, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го направи и најновото рангирање на сениорските национални тимови.

– Без особени промени изгледа листата во европската кошаркарска зона. Со вкупно 195.3 освоени поени, Македонија е на 28. место во европската зона, односно едно место подолу во однос на претходното рангирање на ФИБА. Нашите противници во второто претквалификациско коло за Евробаскетот 2025, селекцијата на Данска е на 32.место на листата (179,7 поени), Словачка е 35, а Норвешка на позицијата број 39, објави КФСМ.

Во изминатиот период, „црвено-жолтите“ имаа половичен ефект. Два порази во квалификациите за Светскиот Куп (против Шпанија и Украина), додека во текот на август дојдоа и двете победи во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025, против Данска на гостински и Словачка, на домашен терен.

Првопласираните три репрезентации на ФИБА-листата се: САД со 760,7 бодови, Шпанија со 758,9 и Австралија со 741,1 поен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...