Македонија и Русија во четвртфиналето

Со победите во првите натпревари од осминафиналната група, репрезентациите на Македонија и на Русија обезбедија четвртфинале на Европското првенство во кошарка што се одржува во Литванија.

Во „Сименс Арена“ во Вилнус, најпрвин Македонија ја совлада Грузија со 65:63, а потоа Русија славеше победа против Финска 79:60. Во третиот натпревар од групата „Ф“, Грција триумфираше против Словенија со 69:60 и се наоѓа на третото место во групата.

На табелата со по 6 бодови водат Македонија и Русија, Грција има 5, Словенија 4, а Финска и Грузија по 3.

Денеска на ЕП се играат натпреварите од 2.коло од групата „Е“. Во 14:30 часот во реприза на финалето од последното ЕП во Полска играат Шпанија и Србија. Германија и Турција играат од 17 часот, додека во 20 часот е дуелот на домаќинот Литванија против Франција.

Од оваа група Франција со 6 бодови е во четвртфиналето и е лидер на табелата, а потоа следуваат Шпанија и Литванија со по 5, Србија и Турција имаат по 4, а Германија е последна со 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Зошто кравата гледа тажно?
- Па и ти ќе гледаш тажно да те влечат за цицки секој ден, а да те сексаат еднаш годишно.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на слепите
- Меѓународен ден на пешачењето
70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус...
1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од...
1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар,...