Возилото на Иџе поправено, Словачка нов тест

Македонскиот и европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе го поправи оштетеното возило и е подготвен викендов да се натпреварува на патеката Добшниски Копец во Словачка.

Тимот на Иџе ги замени оштетените делови на неговото Mitsubishi Lancer Evo IX и ќе може да учествува на следните две трки од Европското првенство во Словачка и Германија. Патеката Добшниски Копец во Словачка е долга 6.810 метри домаќин на осмата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки, а од вкупно пријавени 116 возачи во групата Н, заедно со Стефановски има пријавено 10 возачи. Од нив, за Иџе би требало најголем проблем да биде домашниот шампион Властимил Мајерчак.



- Мајерчак не само што е одличен возач, туку и ја познава оваа патека до перфекција. Неговиот татко е и организатор на трката. Се зависи во каква состојба ќе биде моето возило. Ако е се во ред, тогаш ќе може да одиме на победа. Мојот конкурент во генералниот пласман, Мали во групата А има послаба конкуренција и неговата победа таму е скоро извесна. Затоа немам простор за калкулирам во мојата група – додаде Иџе.

Стефановски моментално води во генералниот пласман со 19 бода пред Чехот Јаромир Мали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...