Фетел: „Јас не сум херој“

Додека од една страна го имаме Луис Хамилтон, трикратниот актуелен шампион, кој никогаш не губи ниту секунда без да постави фотографија од својата посета на некоја забава, модно шоу или само да се пофали со својот приватен авиони или нов автомобил, Себастијан Фетел воопшто нема акаунт на Твитер или Инстаграм.

„Јас сум обична личност, како сите што ги среќавате на улица. Не сум подобар само бидејќи можам да возам побргу од другите луѓе. Не спасувам животи, така што не сум херој“, инсистира Фетел.



ДАЛЕКУ ОД ВРЕМЕТО

28-годишниот Фетел секогаш го заштитува својот приватен живот, со неговата девојка Хана Пратер со која се знае од училиште и сега (наводно) со две деца зад себе, но Германецот никогаш не бил „типичен млад човек“. Дури може да се каже дека тој е „последниот“ од старата генерација - Фетел не може да се поврзе со „селфи-генерацијата“.

„Оваа генерација која постојано се фотографира самата себеси навистина не ја разбирам“, вели Фетел.

Германецот исто така признава дека не може да се идентификува и во модерните Формула 1 болиди.

„Новите Ф1 правила се, би кажал, премногу футуристички. Болидите станаа многу поефикасни ако се земе предвид потрошувачката на гориво, но дали тоа е возбудливо за публиката, но и за возачите, не сум сигурен“, вели Фетел.

Ф1 НЕ СМЕЕ ДА ГИ ИЗБРКА ФАНОВИТЕ

Ако спортот сака да ја задржи популарноста, тогаш мора да се избегне „отуѓувањето“ на фановите. Ѕвездата на Ферари беше против сега укинатиот квалификациски систем со елиминации, и вели дека Ф1 шефовите мораат да се потсетат на тоа што спортот го направи популарен - вистинско чистокрвно тркање.

„Мораме да осигураме дека Формула 1 е спортот каде што најдобрите возачи ќе можат да се борат со најдобрите болиди на најатрактивните патеки. Не смееме да ја загубиме сржта на Формула 1“, вели Фетел.

По откажувањето на моторот во Бахреин, Фетел по само две трки заостанува 35 поени зад лидерот во генерален пласман, Нико Розберг во Мерцедес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...