Дали на Ферстапен му треба психијатар?

Макс Ферстапен повторно е „мета“ на критики откако покажа дека нема страв ниту почит кон големите имиња во Ф1 во неколку ситуации на Белгиското ГП.

Холандскиот ас на Ред Бул прво се вмеша во дуелот на двајцата возачи на Ферари на стартот, по што опасно го блокираше Кими Раиконен во средината на трката. Покрај тоа, по крајот на трката тој ги отфрли сите обвинувања, велејќи дека возачите на Ферари едноставно лажат.

Сепак, многумина во спортот веруваат дека е потребно да се направи нешто околу младиот возач бидејќи во спротивност ќе има опасен судир во блиска иднина.

Трикратниот Ф1 шампион и неизвршен директор на Мерцедес, Ники Лауда, не криеше дека е разочаран од односот на Ферстапен.

„Ферстапен направи непријатен маневар по стартот и го истера Кими надвор од патеката. Навистина е лудо! Тој треба да се врати во школо. Не се вози и победува во Формула 1 на таков начин“, вели Лауда за инцидентот на стартот.

Прашан зошто Ферстапен не ја прифаќа вината, Лауда беше уште подиректен.

„Тој треба да посети психијатар. Сега вели дека Кими згрешил, но не е така. Тркачите се професионалци кои не ги доведуваат своите колеги во непотребен ризик. Тој не може да сфати дека направил нешто погрешно. Ќе зборувам со неговиот татко Јос, кого го познавам многу добро. Тој мора да позборува со момчето уште еднаш“, додава Лауда.

ФЕТЕЛ: „ЈАС ЌЕ ЗБОРУВАМ СО МАКС“

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел вели дека очекува дискусија со Ферстапен во иднина откако претходно го обвини за инцидентот на стартот. Сепак, возачот на Ферари не ја споредува ситуацијата со судирот со Данил Квјат на првата кривина во Кина, кога имаше остри зборови за Русинот.

„Не, не е фер да се споредува така. Мислам дека се работеше за поинакви услови и поинакви кривини. Се обидов да зборувам со Макс, но по трката не е вистинско време. Ќе се обидам да зборувам со него, наскоро бидејќи сега немавме добар ден, ниту јас, ниту тој, ниту Кими. Сепак, не сум за казни. Тоа не е начин да се едуцира, туку треба да зборуваме и да се почитуваме. Имаше некои маневри со кои не бевме задоволни. Но, не треба да се зборува преку медиумите. Ние сме луѓе и најдобро е да застанеме еден спроти друг и да зборуваме“, изјави Фетел.

ФЕРСТАПЕН: „СРАМОТА ЗА КИМИ И ФЕТЕЛ“

Од друга страна, Ферстапен вели дека Фетел и Раиконен треба да се срамат за предизвикувањето на судирот во првиот круг и потоа за префрлањето на вината кон него.

„Мислам дека треба да се срамат што се судрија така со нивното искуство, и потоа да се жалат на мене. Кога веќе згрешиле нека не прават драма за тоа. Мораат да сфатат дека ниту јас не бев среќен со тоа што ми ја уништија трката. Што сакаа потоа? Да ги пуштам слободно?“, изјави лутиот Холанѓанец, кој веднаш по трката за холандските медиуми изјави дека повеќе би сакал да ги исфрли од патеката отколку да ги пушти да го победат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...