Дали Хамилтон покажува непочитување кон Ф1?

Луис Хамилтон очигледно го надмина разочарувањето од Малезија. Наместо сериозно да одговара на прашањата околу неговите шанси за титулата откако падна на 23 поени зад колегата од Мерцедес, Нико Розберг, по откажувањето во Сепанг, тој беше деконцентриран од стартот.

Хамилтон беше главната личност на прес-конференцијата со двајца поранешни шампиони околу него, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен. Наместо да одговара на прашањата, тој реши да си игра со својот смартфон и да поставува фотографии на „Снепчет“ поставувајќи зајачки уши на Карлос Саинц.



Алонсо изгледаше засрамен кога неговиот поранешен колега му ги покажуваше фотографиите, и беше запрашан што е толку смешно.

„Имам неколку фотки од возачите. Овие прес-конференции ги држиме долго и сè е исто. Морам да додадам нови работи“, изјави Хамилтон, кој фотографиите од прес-конференцијата ги постави со наслов „Ова ср.ње ме убива“.



Насочувајќи го вниманието кон шефот за комуникации на Мерцедес, Бредли Лорд, тој постави фотографија од него со прашање: „Бредли, дали ова интервју може да биде подосадно? Дали ќе имаме време да одиме во понеделник да купиме софа?“

БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ НЕ СЕ ИМПРЕСИОНИРАНИ

Само една недела откако го бранеа Британецот по откажувањето на моторот во Малезија и неговото емотивно тврдење дека има заговор против него, медиумите од островот се свртеа против Хамилтон.

„Мислам дека светскиот шампион требаше да го остави телефонот и да се концентрира малку повеќе поради големата јапонска Ф1 публика“, напиша Кевин Исон од „Тајмс“.



Бен Хант од таблоидот „Сан“ додаде дека иако прес-конференциите на ФИА се „статични“, постапката на Хамилтон „не може да се брани“.

ФИА и Мерцедес официјално не одговорија на прашањата за прес-конференцијата, меѓутоа некои спонзори не се задоволни од однесувањето на шампионот.

„Денеска требаше да биде смешно, а не непочитувачки кон никого. Некои луѓе се сфаќаат себеси премногу сериозно. Тоа беше најдобриот момент на мојот ден. Прес-конференциите се исти веќе 10 години. Не се работи за медиумот, туку за форматот. Фановите треба да ги поставуваат прашањата“, напиша подоцна Хамилтон на Твитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...