Хамилтон и Мерцедес би сакале посилна конкуренција

Луис Хамилтон навистина би сакал да има тесна битка со повеќе тимови и возачи во 2017 година пред стартот на сезоната во недела во Австралија.

32-годишниот Англичанец, кој освои две од своите три титули со Мерцедес од стартот на доминацијата на „Сребрената стрела“ во 2014 година, верува дека со новите регулативи со кои се направија драстични промени во аеродинамиката ќе има поизрамнет спорт и додава дека ќе треба да се бори со Ферари и со Ред Бул за титулата.

Болидот на Хамилтон имаше фантастична постојаност на тестирањето оваа година и покажа добра брзина, меѓутоа Ферари имаа најбрзо време на тестирањето во Барселона, со што според Хамилтон, тие се први фаворити за во Мелбурн, нешто што носи дополнителна мотивација.

„Секоја година целта е да ги победите сите и колку повеќе се борите толку имате поголемо задоволство на крајот. Имаме предизвик пред нас, подготвени сме за борба. Мислам дека тоа нема да биде лошо за спортот“, изјави Хамилтон во Мелбурн.

Со новите правила имаме далеку побрзи и пошироки болиди со поголеми гуми и пониско задно крило. Фокусот беше на аеродинамиката откако Мерцедес беше недопирлив од 2014 до 2016. Според, Хамилтон промените биле апсолутно потребни.

„Драстичните промени значат зачинување на шампионатот. Не сум ги видел фановите толку возбудени за една сезона како оваа бидејќи не знаеме кој ќе биде најдобар. Сакате да се тркате против најдобрите. Фановите сакаат да го видат тоа. Потесни трки, поголема конкурентност. Едвај чекам да почнеме и да биде тесно“, вели Хамилтон.

Сезоната започнува без актуелен шампион на патеката првпат од 1994 година, кога Алан Прост се повлече по четвртата светска титула, откако Нико Розберг се повлече, и Валтери Ботас ќе биде колега на Хамилтон. 32-годишниот Хамилтон вели дека посакува борба со Фетел, кој освои четири титули во низа со Ред Бул од 2010 до 2013.

„Не сум имал многу битки со Себастијан на патеката и би сакал да го искусам тоа, а мислам дека и фановите би сакале таква ситуација. Себастијан обично многу повеќе зборува пред нова сезона, но овој пат се обидува да биде смирен. Би сакал да видам што ќе донесат Ред Бул тука бидејќи беа зад нас на тестирањето и не носеа големи подобрувања во Барселона. Исто така би сакал и Фернандо Алонсо да биде со нас во борба пред да се повлече. Уште не сме го виделе најдоброто од него“, вели Хамилтон.

Шампионатот стана борба на двајцата возачи на Мерцедес од 2014 година, и возачот на Ред Бул, Даниел Рикијардо се согласува дека на сите им треба „поширок фронт“.

„Да се има повеќе борба за победа ќе направи да биде повозбудливо за сите. Ако Луис е во борба со четири од нас и победи, тогаш емотивната награда е поголема. Ако можете да победите повеќе луѓе, фановите ќе ве сакаат повеќе и ќе имате чувство дека сте оствариле нешто посебно“, оценува Рикијардо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...