Волф: Глупаво е Мерцедес да не внимава на Алонсо

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не ја отфрла можноста да се обиде да потпише договор со Фернандо Алонсо за следната сезона. Шпанецот може да биде на „пазарот“ на крајот од годината ако го загуби трпението со Мекларен-Хонда, чекајќи да направат конкурентен болид.

Претходно, Волф изјавуваше дека Алонсо, можеби, не е „совршен“ возач за Мерцедес поради експлозивноста на неговиот карактер и претходните „затегнати“ односи со Луис Хамилтон. Но, сега, во интервју за шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“, тој вели дека мора да се смета на возач од калибарот на Алонсо.

„Не можете да кажете 'не' веднаш, бидејќи тоа би било глупаво. Тоа што можам да го кажам е дека Фернандо ако не е најдобриот, тогаш е меѓу најдобрите. Неговите енергија и мотивација уште се тука, иако е при крајот на својата кариера. Тоа значи дека уште може да победува на трки и да освојува титули во следните две-три години“, вели Волф.

Сепак, како поранешен партнер за мотори на Мекларен, Мерцедес беше „изгорен“ од карактерот на Алонсо во минатото, кога во тимот само една сезона траеше партнерството Алонсо-Хамилтон.

„Ако можевме да го изберете Фернандо денеска, како личност, ќе беше многу полесно во минатото. И Луис имаше улога. Возач секогаш прифаќа предизвик, а Фернандо би бил предизвик. Но, се работи за нешто повеќе од тоа Луис и Фернандо да се согласуваат. Целата динамика на тимот е важна. Сѐ мора да биде на свое место, иако верувам дека Фернандо сега е поинаков човек. Во моментов, со цела почит кон него, имаме двајца возачи кои се приоритет - Валтери и Луис“, додава Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...