Почина Ники Хејден, поранешен светски шампион во Мото ГП

Поранешниот шампион во мотоциклизам Ники Хејден, им подлегна на повредите по минатонеделната сообраќајна несреќа. Американецот од минатата среда беше хоспитализран со тешки повреди на главата во болницата во Чезена, откако во Римини возејќи велосипед во него удри автомобил.

Врз Хејден беа извршени неколку интервенции, но и покрај напорите на докторите тој им подлегна на повредите.

- Медицинскиот тим ја потврди смртта на пациентот Николас Патрик Хејден, кој беше примен на интензивна нега на 17 мај со сериозни повреди на главата, пишува во соопштението на болницата од Чезена.

Хејден кој во периодот од 2003 до 2016 година настапуваше во Светскиот шампионат во мотоциклизам за тимовите на Хонда и Дукати со кои настапи на 218 трки, забележа три победи, а 28 пати избори место на подиумот.

Токму Американецот беше човекот кој ја прекина доминацијата од пет титули во низа на Валентино Роси, кога во 2006 година во „кралската класа“ во Мото ГП ја освои титулата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...