Алонсо: Шумахер беше и останува голем

Лондон, 23 ноември 2018 (МИА) – Пилот на Мекларен, Фернандо Алонсо го искажа своето мислење за легендарниот германскиот тркач во Формула 1, Михаел Шумахер. Според него, Шумахер бил и останува голем.

– Кога дојдов во Формула 1, тој беше мојот пример. Беше и останува најголем. Моите две победи на Светското првенство – во 2005 и 2006 година, се од особена важност, бидејќи ги освоив во директна борба против него. Тоа беше толку тешко да се борам со него, бидејќи тој беше непобедлив кога имаше добар автомобил и добар ден. Па дури и на лош ден со лош автомобил, сè уште беше добар, изјави Алонсо.

Во декември 2013 година, Шумахер беше сериозно повреден додека скијаше во Мерибел, Франција. Доби сериозна повреда на главата со повеќе повреди на мозочните хемисфери.

Оттогаш, спортистот беше во длабока кома, а од септември 2014 година закрепнува во неговата швајцарска вила, која се наоѓа на брегот на Женевското Езеро.

Информациите за состојбата на Шумахер се речиси недостапни, бидејќи неговите роднини сигурно го штитат од вниманието на медиумите. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...