Хамилтон: Борбата со Верстапен беше неверојатна

Пилотот на Мерцедесот, Луис Хамилтон беше задоволен од неговата борба со Макс Верстапен од Ред Бул последната трка од шампионатот во Формула 1 возена пред два дена во Унгарија. Хамилтон победи пред Холанѓанецот, најмногу по заслуга на тимската тактика.



-Нема подобро чувство од таквата борба со навистина силен конкурент, со толку брилијантен тркач како Макс. Верстапен е во својата најдобра форма и вози одлично. Се боревме со него величествено, одржувајќи взаемно почитување. Се надевам дека и натаму ќе биде така. Кога дојдов на второто место, мислев дека сега ќе започне самата битка со Макс за која зборувавме. И беше навистина неверојатно. Тој правилно го позиционираше автомобилот на траекторијата. Можеби, во друга ситуација, борбата меѓу нас би била поагресивна, но овој пат немаше таква потреба. Сакавме чиста борба. Имавме добра битка со Ред Бул. Се чини дека ова ќе продолжи, изјави Хамилтон.

Светскиот шампион очекува во некоја од следните трки, како што се „Спа“ и „Монца“ и Ферари да се вклучи во борбата за највисок пласман на подиумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...