Kултард: Хамилтон со мислите веќе е во Ферари

Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култард ги анализираше перформансите на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон во споредба со тимскиот колега Џорџ Расел на почетокот на сезоната 2024 година.



Според Култард, Хамилтон е веќе ментално во Ферари. Тој е сигурен дека седумкратниот шампион со нетрпение очекува да се пресели во Ферари следната година.

- Тој едноставно не се навикна на овој автомобил. Може да се види дека Џорџ во моментов ги усовршува своите времиња во кругот, а Луис заостанува. Сепак, знаеме дека Луис ќе покаже резултат ако го извлече максимумот од болидот. Меѓутоа, токму сега, со оглед на одлуката да оди во Ферари, се чини дека со мислите тој е веќе таму, изјави Култард кој работи како стручен коментатор за „Channel 4“.

На првата трка сезонава одржана во Бахреин, Хамилтон го освои 7. место, додека минатата сабота на ГН на Саудиска Арабија, Британецот беше дури 9-ти.

Следната етапа од светскиот шампионат во Формула 1 ќе се вози од 22 – 24 март во Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...