Алонсо со убави зборови за Фетел

Фернандо Алонсо вели дека Себастијан Фетел се докажал како "голем шампион" и дека не ги сфаќа критиките кои ги добива младиот германски светски шампион. Фетел има седум победи оваа сезона и води во генерален пласман со 92 поени повеќе од колегата Марк Вебер, меѓутоа шест од овие победи дојдоа од пол-позицијата, а седмата од второто место на стартот, по што многумина се сомневаа во вистинските квалитети на возачот на Ред Бул. Алонсо не верува дека Фетел се мачи кога вози во група, и дека е нормално што тој ги искористува своите шанси.

"Навистина не ги сфаќам критиките за него, посебно тоа дека тој не е вистински тркач. Тој е голем шампион кој е на чекор до втората титула и има фантастични квалитети. На пример, неверојатна брзина. Да, тој го има најдобриот болид со кој добива добро место на стартот, но треба да можеш да ја искористиш таквата позиција. Дури и во тешките моменти или кога ќе направи грешка, тој се бори за победа. Тоа е доказот за квалитетот", вели Алонсо.

Ова доаѓа само еден ден откако шефот на тимот на Алонсо, Ферари, Стефано Доменикали јавно изјави дека има само двајца "вистински лидери" во спортот- Алонсо и Михаел Шумахер и дека Фетел ќе мора да добие искуство за да се доближи до "најдобрите".

Алонсо исто така посочи дека откако лани му избега титулата во последната трка, не планира да се повлече се додека не освои титула со Ферари.

"Тоа е многу важно за мене. Нема да ја прекинам кариерата се додека не сум шампион со Ферари. Ако тоа не дојде до 2016, тогаш ќе останам во формула 1 до 2021 година - 20 години исто како Михаел!", додава Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...