Иако пред неколку месеци го продолжи договорот со екипата на Ред Бул до 2014. година, шампионот во Формула 1, Себастијан Фетел, потпиша нов договор и тоа до 2016. година.
Ова беше логичен потег, бидејќи двете страни од претходно имале договор соработката да трае најмалку две години од моментот кога на сила ќе стапи правилото за нови технички карактеристики на моторите, а тоа ќе важи дури од 2014. година.
"Во Ред Бул се чувствувам одлично и нема смисла да го менувам тимот. Ние сме како едно големо семејство" - изјавил Фетел, додека во Ред Бул задоволно ги триеле рацете од завршената работа.