Батон останува долго време во Мекларен

Британскиот светски шампион од 2009 година, Џенсон Батон потпиша нов повеќегодишен договор со тимот на Мекларен пред Јапонското ГП во Сузука овој викенд, каде што тој е единствениот со математички шанси да го сопре Себастијан Фетел во Ред Бул на патот до втората титула едноподруго.

Мекларен објавија дека задржувањето на Батон во следните неколку години ќе го засили тимот од Вокинг и ќе ја зголеми стабилноста на тимот. Неговиот колега, шампионот од 2008 година, Луис Хамилтон има договор со тимот до крајот на следната сезона.

"Никогаш не сум се чувствувал повеќе како дома како во Мекларен. Тука ги освоив четирите најголеми трки во мојот живот, втор сум во генерален пласман и мислам дека возам најдобро досега. Тоа можете да го остварите само со вистинска поддршка и мислам дека волјата и страста за победа се најголеми во овој тим", вели 31-годишниот Англичанец, кој својата титула ја освои со тимот на Браун ГП, поранешната Хонда, а сега Мерцедес ГП.

Мекларен не објавија детали за договорот, освен што посочија дека се работи за повеќегодишен договор, со што најверојатно се става крај на шпекулациите дека Батон би заминал во Ферари за 2013 година.

"Не ја кријам мојата амбиција да продолжам да победувам на трки и да освојувам титули и ова е најдоброто место за такви амбиции. Знаеме како да победуваме и градиме тим кој ќе биде многу силен во следните сезони", вели Батон, кој својата кариера ја започна во 2000 година со тимот на Вилијамс.

Хамилтон, кој ризикува првпат во кариерата да биде послаб во еден шампионат од својот колега, и во последно време е под притисок поради неговиот агресивен стил, вели дека е задоволен од вестите.

"Џенсон е одличен човек за работа и вистински тимски играч. Од моментот кога дојде во тимот тоа веднаш се позна. Јас и Џенсон сакаме да победуваме во иднина", вели Хамилтон.

Шефот на тимот, Мартин Витмарш го пофали Батон како еден од "најспособните и најпочитуваните" возачи во спортот.

"Џенсон претставува голема вредност за тимот на Мекларен и горд сум што сум му шеф. Сигурен сум дека ќе го повтори својот успех од минатото", изјави Витмарш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...