Фетел сака да ја освои титулата во стил!

Себастијан Фетел вети дека ќе ја освои формула 1 титулата во стил иако за втората последователна круна му е потребно само 10-то место на неделното Јапонско ГП во Сузука. Освојувачот на 9 од 14 трки оваа сезона при пристигнувањето во Јапонија најави дека планира да ја почне прославата на подиумот во Сузука, наместо да оди на сигурно за едниот поен кој му недостасува во последните 5 ГП трки од сезоната.

"Сакам да го направам тоа на вистински начин. Мислам дека ако ги имате квалитетите и вистинскиот болид да имате добра трка во Сузука, морате да уживате и да бидете сигурни да бидете на подиумот. Да, можеби ќе има причина за славење, дури и со 10-тото место, но нема да биде исто. Затоа ќе се тркам и како обично - целиот тим ќе го даде максимумот", изјави 24-годишниот Германец, кој последните две години има две победи на патеката во сопственост на Хонда.

Себастијан Фетел сака да прославува со победа

Единствен кој може да го спречи Фетел да стане најмладиот двократен светски шампион е возачот на Мекларен, Џенсон Батон, кој ќе мора да победи во Сузука, а Германецот првпат по 17 трки (од октомври 2011) да не освои поен. Батон сфаќа дека се работи за невозможна мисија, но вели дека ужива во улогата на закана за Фетел.

Но, Фетел, одбивајќи да се радува предвреме, остана на својата "мантра", и како и секогаш скромно влегува на ГП викендот во Јапонија.

"Моментот кога ќе се решите да летате, треба да знаете дека постои момент кога ќе мора да се приземјите. Ништо не лета засекогаш", додава Фетел.

Тој исто така се насмеа на прашањето дали некој му должи услуга, за да го турне Батон по скали на излегувањето.

"Мислам дека е одлично што пред оваа трка, Себастијан мисли дека јас имам шанси да ја освојам титулата. Тој најверојатно е единствениот човек кој размислува така. Но, се е завршено", изјави Батон.

Тоа го признава и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер знае дека се е завршено, но дека не може да дозволи тимот да се однесува поинаку.

"Мислам дека со Себастијан е јасно и треба да направиме многу работи за тој да не стигне до титулата. Но, уште не е завршено - никогаш не ги бројте пилињата се додека не се испилат", во филозофски стил одговори Хорнер.

Запрашан дали веќе се испечатени маички со Фетел и титулата за во недела попладне, Хорнер со насмевка одговори.

"Јас не бев вклучен во никакво печатење на маички, капи или банери", изјави Англичанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...