Себастијан Фетел повторно е шампион!

Себастијан Фетел стана најмладиот двократен формула 1 шампион со третото место на Јапонското ГП, зад победникот Џенсон Батон и второпласираниот Фернандо Алонсо. 24-годишниот Германец, кој стартуваше од пол-позицијата 12-ти пат оваа сезона требаше да освои само еден поен во Сузука за да ја освои титулата на четири трки пред крајот.

Фернандо Алонсо во Ферари, претходниот најмлад двократен шампион (со Рено на 25 години во 2006), беше веднаш зад Батон на попладневната трка на патеката во сопственост на Хонда.

"Ви благодарам на сите. Не добивме ништо на подарок, и ја остваривме целта", им порача Фетел на колегите во тимот преку радиото.

Овојпат немаше кревање на прстот како победник, но тој беше број 1 на трката, како само деветти возач во историјата со две титули, и 14-ти пат на подиумот во 15 трки. Тој вети дека ќе се бори за да ја освои титулата со стил и агресија, и тоа се покажа на стартот, кога го пресече патот пред Батон и го примора Британецот на тревата.

"Тој мора да добие казна за тоа!", извика Батон преку радиото, но стјуардите предводени од светскиот шампион од 1980, Алан Џонс не реагираа за инцидентот.

Германецот се одвојуваше со секунда по круг, но шампионот од 2009 година Батон успеа да го стигне и да го превземе водството по второто влегување во боксот, излегувајќи пред Германецот во трка диктирана со трошењето на гумите.

"Мислам дека бевме малку преслаби на вторите гуми. Но, најважно ја освоивме титулата. Прекрасно е да се биде шампион во Сузука. Имам многу работи кои сакам да ги кажам сега, но тешко е да се сетам на се. Има многу луѓе кои се заслужни за титулата", изјави Фетел.

Безбедносното возило повторно се појави на патеката по новиот судар на Луис Хамилтон во Мекларен и Фелипе Маса во Ферари, како и поради контактот на Марк Вебер (Ред Бул) и Михаел Шумахер (Мерцедес). Батон остана во водство во својата втора домашна трка (неговата девојка Џесика Мичибата е од Јапонија) со само 1.1 секунди пред Алонсо.

"Одлична трка, со одличен старт. Можеби предобар, бидејќи завршив на тревата. Секогаш е убаво да се победи во Сузука. Едно од најсовршените места за тркање со одлични фанови. Ова е една од моите најдобри победи", вели Батон.

Хамилтон, кој и пред трката имаше големи проблеми поради неговиот стил на возење, заврши како петти откако стјуардите не реагираа за сударот по кој Маса го загуби предното крило. Колегата на Фетел, Марк Вебер, се уште без победа оваа година, беше четврти за Ред Бул, кои сега имаат 518 поени во споредба со 388-те на Мекларен и можат да ја освојат титулата во конструктори во Јужна Кореја следниот викенд. Шумахер беше шести пред Маса, Серхио Перез во Заубер беше седми пред Русинот Витали Петров во Рено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...