Дали Фетел-манијата ќе продолжи?

Шефот на Мерцедес ГП тимот, Рос Браун, вели дека вистинскиот тест за "класата" на новокрунисаниот двократен светски шампион Себастијан Фетел ќе дојде кога тој ќе наиде на побавен болид од тие на неговите ривали.

По освојувањето на втората титула на Јапонското ГП во неделата кога стана најмладиот двократен шампион во историјата на спортот, се јавија споредбите на Германецот со најдобрите во спортот. Браун, кој му помогна на Михаел Шумахер да го направи Ферари во доминантен тим во почетокот на 2000-тите, вели дека вистинскиот предизвик престои за 24-годишниот Фетел.

"За Себастијан тоа што доаѓа сега е навистина интересна фаза во неговата кариера, кога нема да го добие најдобриот болид. Мислам кога имате фантастичен возач во најбрз болид, немате шанси против таква комбинација. Ќе биде интересно да се види улогата, влијанието и позицијата на Себастија кога ќе мора да изгради најдобар болид", вели Браун.

И покрај предупредувањето, Англичанецот смета дека тоа е добро за Фетел, бидејќи ќе му даде нов предизвик.

"Тоа ќе биде нова етапа во кариерата кога ќе дојде. Можеби ќе оди во друг тим, и тогаш ќе се најде во иста позиција како Михаел пред да дојде во Ферари - имаше две титули, и што понатаму? Што е следниот предизвик, од каде мотивацијата. Михаел сакаше да оди во Ферари. Ќе видиме за Себастијан", додава Браун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...