Мекларен ќе се "погрижи" за Хамилтон

Генералниот менаџер на тимот на Мекларен, Џонатан Нил, вели дека Луис Хамилтон не треба да има никакви сомнежи за нивото на поддршка од тимот и покрај серијата проблеми на патеката на шампионот од 2008 година.

Британецот нема пласман на подиумот од победата на Германското ГП во јули, по што беше вклучен во серија инциденти (посебно со Фелипе Маса во Ферари на последните две трки), додека неговиот колега Џенсон Батон оствари две победи и се одвои на второто место во генерален пласман. Но, Нил посочува дека тој ја има целосната поддршка на тимот и дека не е под притисок.

"Најголемиот критичар на Луис се вика Луис Хамилтон. Тој очајно сака победа и секако дека не е задоволен кога губи од својот тимски колега, или кога некој друг победува и освојува титули. Луис е остар кон себе и тоа е доволно. Се работи за феноменален возач со 16 победи зад него, и секогаш е возбудлив на патеката. Ние сакаме да се погрижиме за него по оваа тешка сезона во која не му дадовме доволно брз болид да се бори за титулата", изјави Нил.

Тој исто така предупреди да не се земаат предвид бројните критики на британските медиуми и одредени поранешни светски шампиони (како Најџел Менсел или Ники Лауда) кои го "распнаа" Хамилтон оваа сезона.

"Се работи за професионален спорт. Исто како што англискиот рагби тим нема да се чувствува добро кога ќе ги чита весниците... Се работи за брутален бизнис. Еден од новинарите посочи дека Ф1 е спорт каде што победниците се прават богови, а губитниците стануваат злосторници. Затоа не реагираме на сите критики", вели Нил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...