Фетел на добра забава со Шуми во Јапонија

Забавата со Михаел Шумахер му даде на Себастијан Фетел "шампионски мамурлук" по освојувањето на втората светска титула во Јапонија минатиот викенд. 24-годишниот Германец се сретна со својот пославен сонародник, кој седумпати на сличен начин ја прославуваше светската титула.

Фетел нормално се опушти во Сузука по освојувањето на втората титула, а дури признава дека и пеел на караоке неколку класици од Битлс , како и од Френк Синатра, додека пијачките доаѓале кај него. Забавата станала "сериозна" кога пристигнал и Шуамхер.

"По трката имаше многу работи кои требаше да се направат, но откако завршивме се најдовме во барот со момците и тоа беше навистина добро. Мислам дека добро се забавувавме. По неколку пијачки сите беа среќни, и потоа дојде Михаел и моравме да имаме уште неколку пијачки. Тогаш почнав да се чувствувам полошо бидејќи мешавме пијачки, што не беше најдобра стратегија. Најсмешно беше што јас обично не го покажувам мојот германски акцент кога зборувам англиски, но по неколку пијачки беше очигледно од каде сум", признава Фетел.

Тој додава дека вистинско разбирање за успехот имал дури во вторникот кога бил сам. Германецот направи малку грешки на патеката оваа сезона и заслужи да ја освои титулата со 9 победи од 15 трки, и вели дека забавата е зад него, и дека сега пред Корејското ГП останува конкурентен и подготвен.

"Кога ќе влезеш на трка мислејќи дека не е важно каде ќе завршиш, треба да останеш дома. Секако дека титулата е главната цел, но верувајте дека доаѓам во Кореја под притисок. Дури иако луѓето веќе не го вршат притисокот, јас самиот си поставувам притисок бидејќи го сакам тркањето", додава Фетел.

На четири трки пред крајот, Фетел се уште може да го израмни рекордот на Шумахер од 2004 од 13 победи во една сезона. Јеонгхам патеката во југозападна Кореја се смета за"патека на Ред Бул", откако Фетел и неговиот колега доминираа во минатогодишната прва трка, пред двајцата да не успеат да ја завршат трката. Тоа беше единственото откажување на Ред Бул во 2010, а оваа година тие во Кореја можат да ја освојат и титулата во конструктори.

"Не би биле среќни ако си заминеме од тука сметајќи дека можевме да завршиме подобра работа. Затоа приодот останува ист. Не сум бил на подиумот тука и не ми недостасува мотивација", предупредува Германецот.

42-годишниот Шумахер, кој доминираше во Ф1 на почетокот на 2000-тите со пет титули едноподруго до 2000 до 2004, го предупреди Фетел дека неговите ривали ќе бидат подготвени за него.

"Ред Бул и Фетел имаат добри шанси да победуваат и во иднината, иако тимовите како Мекларен, Ферари, па и ние ќе се обидеме да ги предизвикаме. Колку што еден тим повеќе победува, другите тимови стануваат понестрпливи", објаснува Шуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...