Ред Бул по нова титула, Мекларен со прослава на јубилејот 700

Мекларен велат дека имаат цел својата 700. формула 1 трка да ја прослават со победа откако Луис Хамилтон го предводеше Џенсон Батон на тренинзите во петокот на дождот на Корејското ГП. Батон победи на последната трка во Јапонија во неделата откако постави три најдобри времиња на тренинзите таму, и шефот на тимот, Мартин Витмарш, вели дека би било одлично да се прослави јубилејот со нова победа.


"Имавме малку време за прославата на победата на Џенсон, но се надевам дека ќе можеме да славиме и в недела", вели Витмарш.

Мекларен веќе ја загубија битката за титулата кај возачите, откако Германецот Себастијан Фетел стана најмладиот двократен шампион во Сузука со третото место, додека неговиот Ред Бул Рејсинг тим е многу блиску и до титулата кај конструктори. Ред Бул втора година по ред ќе биде двократен шампион ако Мекларен, кои немаат тимска титула од 1998 година не успеат да освојат повеќе поени од нив во Јеонгам.

Шампионите, сепак, остануваат "новаци" во спортот во споредба со Мекларен, тим кој е во Ф1 подолго од сите останати освен од Ферари. Мекларен беше основан од Новозеланѓанецот Брус Мекларен во 1966 година и дебитираше во Монако таа година, остварувајќи ја првата победа во Белгија две години подоцна.

"Многу сме горди на нашата историја. Нашите приајтели во Ферари се подолго од нас, но 700 трки се навистина многу. Но, нема да останеме во минатото - гледаме само напред. Сепак, убаво е да се помисли дека ќе бидеме тука и по следните 700 трки", додава Витмарш.

Мекларен имаат 12 титули кај возачите, по првата со Бразилецот Емерсон Фитипалди во 1974 година, и осум титули кај конструкторите. Ферари, единствен тим кој е присутен во Ф1 од првиот шампионат во 1950 година во недела го стартуваат 828. ГП. Италијанскиот тим ја прослави 60-годишнината од првата победа во Силверстоун во јули со нова победа, единствената на Фернандо Алонсо во оваа сезона.

Батон исто така прослави сопствена годишнина со триумф, одбележувајќи ја 200-та трка со победа во Унгарија. Британецот сега е на подиумот на последните пет трки, додека Хамилтон нема завршено во топ 3 во тие пет трки. Сепак, Хамилтон верува дека може да ги предизвикаат Ред Бул по доминацијат ана тренингот.

"Мислам дека сме брзи, болидот изгледа одлично, а Џенсон минатиот викенд покажа дека сме конкурентни. Немам сомнеж дека ќе ги предизвикаме Ред Бул, но ќе биде интересно да видиме дали можеме да бидеме подобри на квалификациите од нив, нешто што досега никој не успеа", изјави Хамилтон.

Новиот шампион Фетел, пак, признава дека ситуацијата со гумите ќе биде голема грижа за нив во Кореја бидејќи големото разградување на гумите ќе значи повеќекратно влегување во боксот.

"Можеме да направиме максимум 5 влегувања во боксот бидејќи тоа се сите гуми кои ги имаме... Но, и тоа може да излезе како добро за нас. Не е потешко од другите викенди, и ќе видиме кој е подобар в сабота бидејќи Мекларен денес беа побрзи", додава Германецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...