ВО ОТСУСТВО НА БОРБА ЗА ТИТУЛАТА НА НЕДЕЛНОТО ГП (14.00)

Облози за судар Маса-Хамилтон во Абу Даби!

Фелипе Маса (Ферари) и Луис Хамилтон (Мекларен) го продолжуваат својот невообичаен дуел и на неделното Абу Даби ГП, откако букмејкерите овозможија обложување на нивен судар на патеката овој викенд. Двајцата возачи имаат "магнетна привлечност", според зборовите на шефот на Мекларен, Мартин Витмарш, и веќе имаа шест судари во 17 трки.



Последниот се случи на Индиското ГП на крајот на минатиот месец, кога Маса беше казнет од стјуардите за предизвикување судар, по што изјави дека тоа е голема грешка. Запрашан дали зборувал со Хамилтон по Индиското ГП, Маса во Абу Даби изјави дека немал контакти со Англичанецот и јасно посочи дека е лут за казната која ја доби.

Хамилтон вели дека целиот инцидент е "зад нив", без потреба за состаноци. Шампионот од 2008 година демантираше дека како што минува времето ќе има се помалку шанси за решавање на проблемот.

"Не е така. Ако сакате да бидете маж за тоа, бидете маж и завршете го. Но, ова доаѓа од двајца луѓе и еден од нив не сака да го направи тоа, така што продолжува натаму и натаму. Само се обидувате да останете професионалци", вели Хамилтон.

Британските букмејкери во ова најдоа комерцијална можност. Вилијам Хил обложувалниците нудат 14-1 шанси за седми судар на патеката Јас Марина, додека Ледброукс имаат помалку дарежливи 5-1. Маса не беше импресиониран.

"Не мислам дека тоа ќе се случи. Јас ќе направам се како што треба, како што возев и досега. Не направив ништо погрешно иако имаме многу судари со Луис", изјави Маса.

ШОУТО НА ФЕТЕЛ ПРИСТИГНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Светскиот шампион Себастијан Фетел пак откако ја освои втората титула за себеси и за неговиот Ред Бул тим, ќе брка индивидуални рекорди на спектакуларната Јас Марина патека. Двократниот шампион веќе има две победи во Абу Даби, и со победа во недела ќе остане со можност да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 13 победи во една сезона. 24-годишниот Германец исто така може да го израмни рекордот за најмногу пол-позиции во една сезона (14) овој викенд на патеката која иако е спектакуларна е критикувана поради премалкуте шанси за претекнување.

"Патеката во Абу Даби е навистиан посебна, и одиме на трета победа. Трката започнува во самрак и завршува како ноќна трка, така што возиме со специјални кациги", објаснува Фетел.

Германецот ќе има голема конкуренција во возачите кои ќе се обидат да докажат нешто во финишот на сезоната, како неговиот колега Марк Вебер, кој е четврти во генерален пласман и се уште ја брка првата победа. Тука е секако и Џенсон Батон во Мекларен, кој сака да остане на второто место во генерален пласман бидејќи е на само 13 поени од Фернандо Алонсо во Ферари.

"Нашиот болид треба да е добар тука и затоа сум оптимист. На последната трка видовме дека иако немавме доволно брзина да го поминеме Себастијан го намачивме цело време. Веќе не се работи за титулата, но одиме на победа", вели Батон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...