Малите тимови лути на ФИА

Помалите Формула 1 тимови не се согласуваат со начинот на кој Светската автомобилистичка федерација (ФИА) толку бргу се откажа од плановите за лимит на трошењето во спортот. ФИА лани најави дека правилото се воведува од 2015 и дека тимовите мораат да го имаат буџетот до јуни оваа година, меѓутоа претседателот на ФИА, Жан Тод, откри дека идејата е неостварлива.

Ова ги налути тимовите кои не се во сопственост на големи компании, кои сметаа дека така ќе се израмни односот на силите помеѓу тимовите. Шефицата на Заубер, Мониша Калтенборн, не сфаќа зошто планот е сопрен.

„Зборувајќи за нас како помал тим не сфаќам зошто не се направи таа промена бидејќи сите треба да бидат одговорни за работењето на еден спорт. Поминаа тие времиња кога едноставно се велеше: ’ако немаш пари, не учествувај’. Трошоците во Формула 1 се несфатливи, посебно во оваа економија“, вели Калтенборн, првата жена на позиција на шеф на тим во Ф1.

Заменикот шеф на Форс Индија, Боб Фернли, најави дека тие нема да се откажат од барањето за лимит на трошењето, иако Тод беше песимист.

„Мислам дека постојано треба да правиме притисок бидејќи Форс Индија докажа дека не треба да трошиш како луд за да направиш добро шоу“, вели Фернли, чиј тим е на второ место во генерален пласман, веднаш зад Мерцедес.

Калтенборн смета дека големите тимови играат политички игри со шефовите на тимовите заканувајќи се со ззаминување доколку се постават граници.

„Би сакала да кажам дека тие луѓе кои се закануваат со заминување од спортот, треба да го направат тоа. Тогаш овие политички игри ќе сопрат“, додава одговорната во Заубер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...