Сите добри пилоти во комбинација

Челниците на тимот на Мекларен сè уште размислуваат со кои пилоти ќе влезат во битка за бодови во следната 2015 година. Иако до крајот на сегашната сезона има уште осум трки и е јасно дека има уште доволно време за размислување, сепак, навиката е во овој период веќе да се знае кој ќе вози за тимот во следниот шампионат.

Џенсон Батон и Кевин Магнусен ги немаат продолжено своите договори, а тоа значи дека во моментов се прави план кој да биде дел од тимот и да се најде зад воланот.

АЛОНСО МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ

Според некои шпекулации, Фернандо Алонсо би можел да се врати во Мекларен и да добие далеку повеќе слобода отколку што имаше во периодот кога беше колега со Луис Хамилтон. Сепак, спортскиот директор, Ерик Булие, вели дека нема да се брза со одлуката за пилоти за следната сезона. Од друга страна, пак, коментира дека сите се во комбинација.

„Кој пилот ќе биде слободен на пазарот ние ќе покажеме интерес за него и ќе видиме дали ни одговара. Не велам дека ќе ги смениме пилотите, но нашата стратегија е таква што сме во позиција да чекаме. Затоа ние сме решени да не брзаме и да видиме кои се слободните возачи не само за следната година туку и за годините потоа. Нашиот план е да го изградиме Мекларен како одличен тим и затоа треба да знаеме што сакаме да направиме во следните три, четири или пет сезони“, вели Булие.

Ова значи дека ако не привлечат големо име за следната сезона ќе продолжат да возат со тандемот Батон-Магнусен. Сепак, во таква ситуација би добиле договор на уште една година, а потоа ќе се оди во лов на големи имиња како Алонсо, Фетел или Хамилтон.

РАИКОНЕН НЕ Е РАЗОЧАРАН

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, е далеку од нивото на кое возеше во последните неколку години. Тој не може да се врати во посакуваниот ритам, но и покрај тоа е убеден дека не станал побавен од порано.

„Ова е тешка сезона, но таков е животот. Во некои моменти не е забавно. Се трудиме да ги поправиме работите, да правиме помалку грешки и да го направиме болидот колку е можно побрз. Знам дека не сум станал побавен од порано туку во моментов работите не се така како што посакуваме“, вели Раиконен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...