Бјанки се’уште во критична состојба

Пилотот на Марусија, Жил Бјанки е се’уште во критична состојба т.е. кома по сударот со дигалката крај патеката која требаше да го однесе болидот на Адрија Зутил, колегата кој само неколку минути претходно излета од патеката.

Според последните пишувања на странските медиуми, Бјанки претрпел тешка повреда на главата по сударот и се наоѓа во критична состојба. На Бланки му била извршена итна операција во Мае болницатата во близина на Сузука патеката, а по операцијата бил префрлен на одделот за интензивна нега.

Уште додека беше во болидот, тој не успеа да одговори на повиците на тимското радио, по што веднаш на местото на несреќата беа испратени медицински лица кои му пружија прва помош и го однесоа во болницата.

Спoред дел од медиумите, во Франција постојат информации дека по операцијата тој дури успеал да дише без помош на апарати, но тие не се целосно потврдени, но неговиот татко се што можеше да потврди за медиумите е дека состојбата на Жил е критична.

Трката за ГН награда на Јапонија беше прекината по 46-от круг а како победник беше прогласен Луис Хамилтон, но немаше прославување на подиумот за Хамилтон, тимскиот колега Нико Розберг и третопласираниот на подиумот, Себастијан Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...