Ферари без Фиат, следува „разводот“ со Алонсо

„Фиат-Крајслер аутомобилс“ (ФЦА) објавија дека нивниот борд одлучил Ферари да се „раздели“ од матичната компанија. Разделбата ќе се направи преку јавна понуда на акциите на ФЦА во Ферари во износ на 10%, а остатокот ќе биде распределен на сегашните акционери на ФЦА. Бордот сака овие трансакции во 2015 година и очекува акциите да се појават на американските берзи.

- По преземањето на акционерски дел во Крајслер оваа година, трансформацијата на Фиат и Крајслер во ФЦА беше комплетирана овој месец со дебито на берзата во Њујорк. Сега треба да ФЦА и Ферари да одат по посебни патеки - вели извршниот директор на ФЦА, но и претседател на Ферари, Серџо Маркионе.

Ова е последна во серијата промени во најславниот Ф1 тим, откако оваа година прво се разделија со шефот Стефано Доменикали (на чие место дојде Марко Матијачи), и долгогодишниот претседател Лука ди Монтеѕемоло.

КАКО ЌЕ СЕ РЕШИ СИТУАЦИЈАТА СО АЛОНСО?

Од Ферари треба да дојде и одговор на најклучното прашање во Ф1 во моментов - каде ќе заврши Фернандо Алонсо, иако шпекулациите велат дека веќе е јасно како ќе заврши цела сага.

Италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“ тврди дека Маркионе ќе патува на Американското ГП овој викенд, каде што ќе има двојно соопштение - дека Алонсо заминува, и дека на негово место доаѓа Себастијан Фетел.

Сепак, од други извори велат дека разделбата со Шпанецот ќе биде малку покомплицирана. Германскиот „Ауто мотор унд спорт“ и нивниот соработник Михаел Шмид велат дека клучот е во тоа што Фетел веќе има потпишано договор за 2015, но Ферари имаат валидни договори и со Алонсо и со Кими Раиконен. За да се реши ситуацијата, треба да се раскине договорот со Алонсо.

БОГАТ „ПАКЕТ“ ЗА ЗБОГУМ

Ако 33-годишниот Алонсо сам го прекине договорот, тој може да замине во Мекларен-Хонда, или во друг тим, или може да реши да паузира. Но, ако Ферари легално го прекинат договорот, тие ќе треба да му платат компензација вредна десетина милиони евра, слично како што направија на крајот на 2009, кога Раиконен си замина предвреме, иронично да направи место за Алонсо.

Според Шмид и германските медиуми, преговорите завршиле без постигнат договор, но јасно е дека двете страни сакаат да избегнат одење на суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...