Хамилтон сака уште седум години во Ф1!

Формула 1 шампионот се појави на презентацијата во Глазгов со својот булдог со име Роско и со втора Формула 1 титула во „џеб“ откако го победи колегата од Мерцедес, Нико Розберг во финишот на сезоната.

29-годишниот Англичанец двапати беше второпласиран во гласањето на Би-би-си и овој пат не беше фаворит, бидејќи тоа беше голферот Мекилрој, кој освои два гренд-слема во 2014 година.

„Горд сум што сум помеѓу толку талентирани британски спортисти. Не го очекував ова бидејќи Рори имаше неверојатна година. Му благодарам на моето семејство и на сите кои ме поддржуваа“, изјави Хамилтон.

Тој потоа најави дека планира да остане најмалку уште седум години во Формула 1 и не гледа граница колку титули може да освои.

Во 2014 тој имаше 11 победи за да ја освои титулата, завршувајќи ја паузата од шест години по првиот трофеј со Мекларен и влегувајќи во елитното друштво на повеќекратни шампиони. 29-годишниот Британец сè уште нема потпишано продолжување на договорот со Мерцедес по 2015 година, но не се сомнева дека уште долго може да биде во спортот.

„Чувствувам дека имам уште седум години во Формула 1. Тоа е целта. Ја освоив првата титула во 2008 година, сега имам втора титула и само небото е граница... Морам да продолжам да туркам“, вели Хамилтон.

Ако ја оствари својата цел, Хамилтон би можел да остане до 2012 година, што би била негова 15. сезона во спортот на 36 години. Кими Раиконен во моментов е најстариот возач во Ф1 со 35 години.

Хамилтон исто така ја нарече 2014 година најдобра година во неговиот живот.

„Сезоната беше неверојатна. Целосно, ова е неверојатен период во мојот живот, кој дефинитивно се смени. 2014 година е апсолутно најдобрата година во мојот живот. Во текот на годините многу луѓе беа вклучени во мојата кариера и без нивната поддршка немаше да бидам тука. Освојувањето на титулата беше најдобро нешто, дури подобро од првата, бидејќи сега повеќе разбирам колку работа е потребна да се стигне дотука. Сè дополнително што ќе се случи ќе биде бонус“, завршува Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...