Ботас најбрз, но сите се плашат од Мерцедес

Валтери Ботас ја заокружи тест-сезоната 2015 со најбрз круг за Вилијамс на последниот дел од тестирањето во Барселона во неделата.

Финецот имаше најдобар круг на почетокот на сесијата, и неговото време од 1:23.063 не беше достигнато, останувајќи речиси пола секунда пред конкуренцијата. Себастијан Фетел беше втор најбрз за Ферари, а Фелипе Наср во Заубер беше само вториот возач во една секунда од времето на Ботас. Како и Ботас, и Фетел и Наср најдобрите времиња ги поставија во утринската сесија на супер-меки гуми.

Четврти беше Макс Ферстапен во Торо Росо пред Даниел Рикијардо во Ред Бул, откако „бикот“ имаше проблеми со ЕРС системот во утринската сесија.

Мекларен повторно имаа технички проблеми, и Џенсон Батон имаше само 2 круга (без време) во утринската сесија, пред попладнето да додаде уште 30 круга. Во споредба, Наср имаше 159 круга, најмногу од сите на патеката.

Нико Розберг беше скромен на седмото место за Мерцедес, но останува со најдобро време на тестирањето во Барселона од 1:22.792, поставен вториот ден.

Тимовите сега имаат помалку од две недели за конечните подготовки пред првата трка од сезоната, Австралиското ГП во Мелбурн на 15 март. Акцијата почнува в петок, на 13 март, со првиот тренинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...