Хамилтон и Розберг не ја даваат предноста на Мерцедес

Луис Хамилтон го оцени тимот на Ред Бул како „смешен“ откако поранешните Ф1 шампиони побараа мерки за да се сопре тимот на Мерцедес заканувајќи се дури со откажување од спортот.

Светскиот шампион ги отфрли коментарите на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој побара целосно нови правила за „изедначување“ откако за време на четиригодишната доминација на неговиот тим ФИА направила серија мерки за ограничување на нивната предност.



„За мене тоа беше навистина смешно. Интересно размислување од луѓето кои некогаш имаа толку многу успех. Во исто време, забележете дека помина само една трка. Од моја лична перспектива, беше голем чекор да се дојде во овој тим, кој имаше неколку слаби сезони. Тие немаа успех како другите тимови и кога тој дојде, одеднаш сите сакаат да ги израмнуваат работите. Луѓето од Мерцедес се наработеа за овој успех“, коментираше Хамилтон.

Хамилтон го предводеше својот колега Нико Розберг до 1-2 победа на Австралиското ГП, со 30-тина секунди пред конкуренцијата, и првите прогнози велат дека доминацијата ќе биде уште поголема во 2015.

Меѓутоа, Англичанецот вели дека „Сребрената стрела“ со најмоќниот мотор во спортот не треба да биде казнета за подобро завршената работа и за тоа што ги заменија Ред Бул на врвот. Иронијата е прекрасна за Британецот, кој беше лут на доминацијата на Ред Бул од 2010 до 2013, пред да си замине од Мекларен и да дојде во Мерцедес во 2013.

„Дојдов во овој тим и го забележав прогресот. Сега сме најдобриот тим, навистина се ’собравме’ и завршивме одлична работа. И тоа го направивме со правилата кои важеа за сите, со ресурси какви што ги имаат поголемите тимови. Нормално дека сме горди“, вели Хамилтон.



РОЗБЕРГ: „НЕ СМЕ ПОБРЗИ ОД ЛАНИ“

Нико Розберг, пак, вели дека не е фер да се посочува дека Мерцедес ја имаат зголемено предноста пред конкуренцијата и покрај тоа што тој беше 30 секунди пред Себастијан Фетел во Ферари во Австралија. Германецот беше посебно импресиониран од брзината на колегата на Фетел, Кими Раиконен, пред тој да се повлече поради проблеми со тркалото.

„Не мислам дека е ОК да се кажува дека ја удвоивме предноста од лани. Секако, квалификациската брзина беше навистина добра, но секогаш е поважно да си побрз в недела. Видете го Кими, кој имаше фантастично брза прва половина на трката. Мислам дека посебно Ферари ја намалија разликата, и дека се поблиску од нашите најблиски ривали лани“, одговара Розберг.

Иако внимателен на прогресот на Ферари, Розберг вели дека првата цел е да се најде дополнителна брзина и да се совлада колегата Хамилтон, кој сега има победа во седум од последните осум трки. Жештината во Малезија е добра шанса за такво нешто.

„Квалификациите секогаш се важни за борбата во тимот, кога имате исти болиди. Но, тоа не е најважно бидејќи во минатото се виде дека со играње со влегувањето по пневматици или нешто слично може да се претекнува. Овој викенд можеби ќе има повеќе можности за стратегија“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...